Македонците од четврток можат да патуваат без тест или карантин на Кипар
Македонија, од четврток ќе биде преместена од портокаловата во зелената листа за патување на Кипар, што значи дека македонските државјани ќе можат да патуваат на островот без никакви ограничувања, односно без тест или карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно новата категоризација на земјите, односно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“, објавена денеска од кипарското Министерството за здравство, Северна Македнија, заедно со Канада и Србија, од втората, преминуваат во првата категорија.
Земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во сивата зона.
Во првата (зелена) категорија, односно „земји со ниска опасност”, нашата земја е заедно со уште 27 држави, односно Австрија, Бугарија, Германија, Естонија, Италија, Хрватска, Латвија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Чешка, Монако, Ватикан, Швајцарија, Исланд, Норвешка, Австралија, Јордан, Израел, Канада, Нов Зеланд, Србија и Сингапур и за државјаните на овие земји, не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.
Како што веќе има објавено МИА, од 8 јули 2021 година Македонија се најде во портокаловата зона и задолжителен беше негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, откако беше преместена од третата, црвената категорија.
Од земјите од регионот, Бугарија и Србија се во зелената категорија, Грција во портокаловата, а Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во последната, црвена зона.
Во однос на вакцинираните посетители, како што пренесува МИА, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.
Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм.
Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е, 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.
Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека сите патници, без разлика на тоа од која држава доаѓаат може да бидат тестирани по случаен избор.
Додаваат дека категоризацијата на земји е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат, секоја седмица.
Па така, овој пат , доколку се направи анализа на листите, Франција, Данска, Финска и Лихтенштајн од зелената се префрлени во портокаловата листа, а Малта од првата, зелена, во третата црвена категорија.
Новите одлуки стапуваат во сила на 22 јули 2021 година.
Ново на Сител
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО