Македонци се собраа во поддршка на Трамп, бараат крај на мешањето на Сорос
Неколку десетици Македонци од САД се собраа вечерва пред кулата на идниот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк, да протестираат против поддршката која претходната американска администрација и амбасадата во Скопје и ја даваат на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија и нејзините, како што рекоа, деструктивни политики.
“Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос. Администрацијата во заминување, преку
амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во
Македонија. Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови”, пишува во писмото што собраните Македонци го прочитаа пред кулата на Трамп, во која во изминатите недели се формира идната американска Влада.
Причина за протестот се проектите на УСАИД Македонија во областа на медиумите и развојот на граѓанското општество, кои честопати ги спроведува токму Фондацијата на Џорџ Сорос, или организации кои произлегле од неа. Македонците во САД велат дека преку УСАИД, милиони долари на американските даночни обврзници, меѓу кои се и тие, завршиле во рацете на крајно левичарска и радикална организација која ги координира своите активности со политички партии, учествуваше во креирањето на политичката криза, во организирањето на протестите во кои беа повредувани десетици полицајци во екот на мигрантската криза на јужната граница.
“Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија”, се вели понатаму во пораката која беше прочитана пред кулата Трамп, а во која се додава и дека Македонците од САД сакаат да се обнови пријателството меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца