-->
-->
Македонци притворени во Будва, краделе на плажите
-->
Двајца Македонци паднаа во рацете на полицијата по серија извршени кражби на плажите во Будва.Се работи за 58-годишниот Шаип Р. и 52-годишниот Тони Т. кои изминатите две недели извршиле шест кражби на плажите во Будва така што краделе торби од присутните на плажата, па потоа ги оставале под чадорите додека се бањале во море. Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба.
Полицијата за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Северна Македонија. Ги следел до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени, велат од тамошната полиција за Вијести.
Македонците вчера биле упатени во затвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
