Македонци и Бугари со отворено писмо до Петков и Ковачевски
Надминување на недоразбирањата, отворање на Македонија и Бугарија една кон друга со што би се елиминирал стравот и недовербата во двете општества, повеќе конструктивност при решавање на спорот. Ова е дел од содржината на писмото упатено од група македонски и бугарски граѓани, до мандатарот Ковачевски и бугарскиот премиер Петков.
Напишано од граѓанското здружение за бугарско-македонско пријателство „Под едно небо“, зад писмото досега застанаа над 200 интелектуалци од двете земји. Во него се поздравуваат конструктивните чекори на новата бугарска влада, а од идниот македонски премиер се бара проактивна позиција во решеавање на спорот.
Во овој текст, бугарскиот професор Дечев гледа охрабрување за водечките политичари во двете земји.
Дечев нема големи очекувања во однос на посетата на Петков на Скопје, за која вели дека тоа ќе биде средба за запознавање.
Универзитетскиот професор не очекува брзо напуштање на црвените линии зацртани во усвоените резолуции во двете земји. Она што ќе создаде почва за напредок, вели Дечев, се резултатите кои треба да ги испорача мешовитата историска комисија која во иднина мора да ја промени методологијата на работа.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар