-->
-->
Македончињата во Корча добија новогодишни пакетчиња од општината
-->

Во знак на новогодишните празници, претседателката на Советот на округот Корча Ана Веруши, денеска на Македончиња кои посетуваат курс по македонски јазик во градот Корча им даруваше новогодишни пакетчиња и им посака здравје и успеси.
-Искажуваме голема благодарност до претседателката Веруши и нејзините соработнци за посетата и вниманието. Децата беа пресреќни. Иако курсевите по македонски јазик се редовни, првпат се случува пред Нова година, децата да ги посетат високи претставници од округот Корча, рече Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“.
Курсот по македоски јазик моментално го посетуваат дваесетина дечиња. Курсевите се одржуват во организација на друштвото „Сонце“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
