Кошарка
15. September 2016 - 19:02

Макбаскетот е на работ од бездната - испаѓање во дивизија Б!

 
 
На едно коло до крајот, кога веќе официјално се знае дека настапот на ЕП 2017 останува само сон, речиси никој не го споменува кошмарот со кој се соочува кошарката во Македонија - испаѓање во дивизијата Б.
 
Такво нешто нѐ очекува според новиот систем квалификации за Светскиот куп 2019 година во Кина, во кои ќе учествуваат само 32 европски селекции. Останатите ќе играат во „втората лига“, од каде што едвај излеговме во 2005 односно 2006 година.
 
Со оглед на тоа што при креирањето на крајниот пласман од квалификациите за ЕП 2017 не се земаат в предвид средбите со последнопласираните, во нашиот случај Луксембург, евентуалниот пораз задутре против Унгарија речиси сигурно ќе значи пад во бездната. Главна причина за тоа се високите порази во пресметките со директните конкуренти, Унгарија и Велика Британија, поради што калкулаторите би биле главен инструмент за одредување кој ќе испадне во Б-дивизијата.
 
А, ако такво нешто се случи, тогаш тоа дефинитивно ќе биде катаклизма за македонската кошарка од која тешко дека во скоро време би се опоравиле.
 
Ваквите математики би морале да ги знаат Петар Наумоски, Драган Раца и кошаркарите, кои не смеат однапред да се предадат на дуелот во Шолнок бидејќи од нив ќе зависи дали во следните десетина години воопшто ќе има елитни репрезентативни натпревари во нашата држава.

Комплетното објаснување, за новиот систем на квалификации може да го видите на следниот линк.

Систем на квалификации за СП 2019 и ЕП 2021