Мајската пензија ќе се исплаќа од 27 мај
Владата, на денешната 56-та седница, го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај 2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27 мај 2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
– Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: во среда, на 27 мај 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, на 28 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во петок, на 29 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во понеделник, на 1 јуни 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, соопштија од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар