Loading Video...
Фудбал
20. October 2019 - 16:13

Мајорка на Трајковски го победи Реал Мадрид

Екипата на Мајорка за која настапува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски забележа победа на Реал Мадрид со 1:0. 
 
Стрелец на единствениот гол на дуелот од 9.коло во Ла Лига беше Жуниор Лаго уште во седмата минута од мечот. 
 
Нашиот репрезентативец Трајковски влезе токму на местото на стрелецот, а ги одигра завршните 10-тина минути од средбата. 
 
По овој пораз како и победата на Барселона со 3-0 на гостувањето кај Еибар, каталонскиот тим го презеде лидерското место на табела со 19 бодови или еден повеќе од „кралскиот“ тим.