Мајката на убиената Јелена тврди: Таа никогаш немаше спонзори
-Ма каков спонзор. Тоа нема врска со вистината. Мојата Јелена никогаш немала никаков спонзор, тоа може да го потпишам каде сакате, тврди за српски Курир, мајката на убиената пејачка на Гранд Јелена Марјоановиќ.
Зорица ги негира тврдењата дека Јелена ја убил мафијаш од естрадните кругови кој наводно ја спонзорирал нејзината кариера. Мајката на пејачката објаснува дека Јелена никогаш не барала ниту имала спонзор, туку со својот труд и работа сама заработувала.
-Знам како снимаше до сега, „Реноме“ од Бијелена го сними нејзиното прво ЦД, а другото ние го финансиравме. Исто така знам дека таа и Зоран работеа заедно, па ако имаше спонзори, зарем тие толку труд ќе вложеа во работата. Забораваат дека и Зоран имаше неколку хитови и дека можеше добро за заработи. Од друга страна, таа не беше во „Ѕвездите на Гранд“, никогаш не се натпреваруваше, вели Зорица.
Телото на несреќната жена е пронајдено во каналот во населбата Црвенка во Борча на 3. април, ден откако нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ го пријави нејзиното исчезнување.
Иако од тогаш поминаа повеќе од 3 мсеци, монструмот кој на пејачката и зададе повеќе удари во главата се уште не е пронајден.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица