Живот
7. јуни 2018 - 16:32

Мајката на Дражен Петровиќ се сеќава: Кобниот ден ми се јави Македонка и ми ја соопшти страшната вест, ја фрлив слушалката и тргнав кон терасата...

На денешен ден пред точно 25 години во сообраќајна несреќа во германскиот Инголштат животот го загуби легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дражен Петровиќ.

Мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, откри како дознала како го изгубила саканиот син.

„Не можам да верувам дека поминаа 25 години без мојот Дражен. Тој 7 јуни 1993 година чекав син ми да ми се јави. Беше обичај да ми се јави кога ќе помине дел од патот. Заѕвони телефонот, мислев дека е тој. За жал, не беше. Од Германија се јави Македонка, која на хрватски јазик прво ме праша дали е тоа станот на Петровиќ, кога реков дека е, таа ми соопшти дека Дражен загинал. Почнав да плачам, слушалката ми падна од рака и во таква состојба тргнав кон терасата, рече Бисерка за 24sata.hr.

-Тоа толку ме погоди... За среќа, во станот беше мојот маж, кој во тој момент ме запре. Беа тоа најтешките моменти во мојот живот. Погреб пред илјадници и илјадници луѓе...., додаде таа.

Два дена по погребот Бисерка отишла на гробот на синот и таму сретнала човек чии зборови засекогаш и се врежале во сеќавањето.

„Отидов на неговиот гроб, а таму имаше едне човек кој ми рече: „Вие го родивте, но тој ни припаѓа на сите. Тој е нашиот Дражен“. Тие зборови никогаш нема да ги заборавам. Сите плачевме по него“.

Често одам на неговиот гроб. Секогаш носам свежо цвеќе и палам свеќа.

Бисерка е среќна што луѓето  не го заборавија, и по 25 години го сакаат и почитуваат поради тоа што го направи за кошарката.

„Ми се чини дека беше невозможно да не го сакате. Како мајка сум среќна што денеска во Хрватска многу сали го носат името на мојот покоен син“.