Мајката и сестрата на Кецмановиќ се обиделе да ја напуштат Србија и заминат во Македонија
Мајката и сестрата на момчето што го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин Прохор Пчињски кон Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Мајка и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, кон Северна Македонија, но полицијата веднаш ги спречила и биле вратени во Србија, соопштија српските медиуми.
Таткото на момчето е во притвор, кој на почетокот на месецот беше продолжен за уште 30 дена, поради сомневање дека го тренирал К. К. да пука, и дека не го обезбедил оружјето како што налага законот.
Обвинителството проверува и дали М. К., мајка на момчето, се стекнува со елементи на кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.
Вишиот суд во Белград донесе решение со кое и определи привремена забрана на М.К., мајката на момчето К.К. кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, да отуѓи недвижен имот во нејзина сопственост.
Ново на Сител
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско