-->
-->
Мајка од Русија доживеала шок: Го препознала мртвиот син,го кремирала, а тој и се појавил пред врата
-->
Русинката Антонина Михајловна (62) се шокирала, кога на врата пристигнал нејзиниот син Константин (43) , кого пред неколку месеци го препознала во мртовечницата и потоа го кремирала и погребала.Во март годинава Антинина Михајловна од рускиот град Кронштат пријавила дека синот Константин е изченат веќе шест дена. По неколку месеци, полицијата ја информирала дека пронашле мртво тело на маж и ја повикалa да го идентификува.
Отишла во мртовечницата и потврдила дека тоа е нејзиниот син. Со неговата жена и ќерката организирале погреб, а претходно го кремирале телото на Константин.

По четири месеци, некој ѝ чукнал на врата и таа се онесвестила кога го видела синот, жив и здрав.
Подоцна било разјаснето дека Антонина била толку скршена од болка, што во мртовечницата за друг човек рекла дека е нејзиниот син.
Константин рекол дека заминал без поздрав, зашто имал потреба на далечно место да размисли за својот живот и да се најде себеси, а таму немал комуникација со цивилизацијата.
Полицијата сега врши истрага за да утврди кој е човекот што беше кремиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
