Мајка монструм: Андреа телата на своите 6 бебиња ги криела во шкаф
Андреа Гисбрехт е прогласена за виновна откако е утврдено дека ги криеле посмртните останки на шест бебиња во шкаф во едно складиште.
Таа е обвинета по шест точки за прикривање на телата на децата, а се секое обвинение повлекува со себе најмалку две години затвор. Судијата Мари Томпсон од провинцијалниот суд во Манитоба, во понеделникот ја прочита пресудата по неколку месечното судење.
Остатоците од децата се пронајдени во нејзниото складиште во октормври 2014 година.
Судијата рече дека доказите несомнено покажуваат дека таа ги скривала своите бремености, а потоа самостојно се породувала, а новороденчињата ги скривала во шкаф во блиското складиште, каде ги пронашле работниците кои ги чистеле просториите, заедно со детски играчки и облека.
Бебињата биле во полураспадната состојба и истражителите не можеле да утврдат дали децата се родени живи, дали бременостите биле следени од лекари и дали таа навистина ги убила своите деца.
Датумот за изрекување на пресудата за жената се уште не е утврден.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара