Здравје
5. August 2015 - 11:49

Мајчиното млеко е незаменлива вакцина

Независне новине - Бања Лука

Мајчиното млеко е незаменлива имунитетска вакцина, која значително влијае на виталноста и општата здравствена состојба на детето, поради што е од исклучителна важност да се поддржуваат доилките. 

Ова за Новости го изјави Влатка Бојаниќ, медицински работник на здравствена нега од Училиштето за бремени жени и доилки Радосница во Бањалука, по повод на Светската недела на доењето, која трае до 7 август.

Во последните четири години, како што наведе, преку работата со ресорните експерти во областа на репродукцијата, детската педијатрија, гинекологија и акушерство ги поминале многу жени на кои им требала поддршка и едукација.

- Заеднички работевме на тоа, неточните информации кои ги добиваат од различни извори и предрасуди, да ги замениме со точни и стручни податоци. Тоа на што треба да се работи сега е на сите мајки во родилиштата да се овозможи доење на децата во првиот час, а не по четири часа, бидејќи тоа е од исклучителна важност за мајката и детето. Во емоционална смисла подоцна, откако бебето ќе се нахрани и донесе на мајката, на нејзе и е потешко да воспостави контакт и да го дои - вели Бојаниќ.

Причините за тоа, како што тврдат и во ресорното министерство, се од техничка природа, од начинот на пороѓајот и постпородилниот тек, до техничките и кадровските услови на институцијата. Исто така, доење на децата до 6 месечна возраст е тренд во РС, кој е во значителен пораст во однос на претходните години, што сепак не е случај кога станува збор за доење на децата до година дена.

- Во однос на 2006 година, кога имавме само осум отсто мајки кои ги исклучиво ги доеаја децата до 6 месеци возраст, процентот од 32 отсто од 2012 година е подобрување, иако ние се стремиме за подобри резултати. Многу работевме на менување на свеста пред се на здравствените работници, а потоа и на родилките. Тоа беше неопходно бидејќи претходните години не постоеше општ и начелен став за важноста на доењето на децата – вели за Независне Амела Лолиќ, помошник министер за здравство и социјална заштита на РС.

Светската здравствена организација СЗО заговара повисок степен на застапеност на овој начин на исхрана кај бебињата, т.е. над 50 отсто, со што се раководи и Политиката за унапредување на раната возраст и развојот на децата во Република Срспка до 2020 година. Последните години во овој дел на БиХ развиена е и мрежата Болницата пријател на бебето и Бејби френдли програма во чии рамки медицинскиот персонал е обучен да пружи помош на родилката при доење.

Исто така, Светската недела на доењето, која ја координира Светската алијанса за акција на доење, посветена на пружање на поддршка на жените кои дојат на работно место, додека во РС вработените мајки на прво и второ дете имаат право на една година породилно и година и пол на трето дете.