-->
-->
Мајами во плејофот, Голден Стејт и Кливленд ги добија дерби дуелите
-->

Кошаркарите на Мајами изборија учество во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако ноќеска забележаа победа над Атланта со 101:98.
„Жешките“ од Мајами дојдоа до биланс 42-36 (победи-порази), доволно за пласман меѓу осумте најдобри во Источната конференција.
За последното слободно место во плеј-офот од Истокот се борат Милвоки и Детроит.
Од останатите средби ги издвојуваме двата дерби дуели.
Кевин Дурент со 34 поени и 10 скокови го предводеше шампионот Голден Стејт до победа со 111-107 над Оклахома на која не и помогна ниту Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 44 поени и 16 кокови
Кливлент го доби дербито на истокот совладувајќи го Торонто со 112-106.
Леброн Џејмс и Кевин Лав средбата ја завршија со дабл-дабл ефект. Џејм покрај 27 поени имаше и 10 скокови, а Лав постигна 18 поени „зачинети“ со 15 скокови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
