Кошарка
4. April 2018 - 11:54

Мајами во плејофот, Голден Стејт и Кливленд ги добија дерби дуелите

Кошаркарите на Мајами изборија учество во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако ноќеска забележаа победа над Атланта со 101:98.
 
„Жешките“ од Мајами дојдоа до биланс 42-36 (победи-порази), доволно за пласман меѓу осумте најдобри во Источната конференција.
 
За последното слободно место во плеј-офот од Истокот се борат Милвоки и Детроит.
 

 

Од останатите средби ги издвојуваме двата дерби дуели. 
 
Кевин Дурент со 34 поени и 10 скокови го предводеше шампионот Голден Стејт до победа со 111-107 над Оклахома на која не и помогна ниту Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 44 поени и 16 кокови
 
Кливлент го доби дербито на истокот совладувајќи го Торонто со 112-106. 
Леброн Џејмс и Кевин Лав средбата ја завршија со дабл-дабл ефект. Џејм покрај 27 поени имаше и 10 скокови, а Лав постигна 18 поени „зачинети“ со 15 скокови.