Македонија
7. December 2015 - 12:54

Магла кај Тетово, Гостивар, Битола, Штип, Прилеп...

Магла со видливост од 50 до 200 метри има кај Тетово, Гостивар, Страцин, Битола, Штип, Прилеп, Павлешенци, Македонски Брод и Кула, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.