Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија.
-Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Северна Македонија или на други места, изјави Маѓар на денешната прес - конференција одговарајќи на прашање на грузиски новинари за односите на нивните две земји.
Одговарајќи на прашањето за можната екстрадиција на двајца полски политичари, кои добија азил во Унгарија како политички прогонувани лица, Маѓар го спомна и примерот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, за кого рече дека исто така треба да биде екстрадиран.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
