-->
-->
Магдевски „раскина„ со Уникаха
-->

Андреј Магдевски повеќе не е дел од шпанската екипа Уникаха Малага. Ова денеска го обелодени самата шпанска екипа за која македонскиот репрезентативец воедно и капитен на младата репрезентација.
Уникаха ја прекина соработката со Магдевски кој минатата сезона играше како позајмен играч во второлигашот Клиникас Ринкон, но и таму не доби преголема минутажа, па во просек бележеше по 4,3 поени, 1,7 скокови и 1,3 асистенции по натпревар. Иако постоеја најави за негов камбек во Уникаха, раководството на евролигашот сепак се реши да го раскине договорот со Македонецот.
Магдевски пред две сезони настапуваше за младинскиот тим на Реал Мадрид, од каде се пресели во Уникаха. При преговорите тимот од Малага му вети на Македонецот повеќе шанси за тренинзи и докажување со првиот тим, но неполн месец по потписот на договорот Магдевски беше испратен „на калење“ во Клиникас Ринкон.
Андреј Магдевски настапува за младинската репрезентација на Европското Првенство, Б дивизија во Унгарија, каде во просек бележи по 20,3 поени и 7,3 асистенции по натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
