МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
Македонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис.
- Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека истите се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите државни и меѓународни институции, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, МАЕИ.
Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.
Според пописот во оваа земја живеат 2.281 лица што е за повеќе од половина помалку споредено со пописот во 2011 година. Според македонските претставници во оваа земја живеат над 100 илјади Македонци, главно концентрирани во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а со илјадници ги има во Тирана, Елбасан, Драч и други градови.
И грчките претставници не ги признаваат презентираните 23 485 лица со грчка етничка припадност. Тие тврдат дека во земјата живеат околу 400 илјади Грци, главно населени во јужниот дел на земјата.
Во реакцијата на грчкото здружение „Омонија" уште се наведува дека манипулација се и податоците за верската припадност. Од таму сметаат дека бројот на православните е поголем од прикажаниот.
Најголемо изненадување на овој 12. попис е бројот на припадниците на бугарското малцинство, кое до 2017 воопшто не беше признато во Албанија. Властите тоа го сторија по бугарските закани со евроинтегративниот пат на Албанија.
Сега во Албанија „живеат" 7057, иако во претходните 11 пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.
Во меѓувреме обвинувањата за фалсификувани податоци ги отфрли директорката на Институтот за статистика, Елса Дули, која рече дека пописот бил транспарентен и професионално спроведен според меѓународните стандарди.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора