Мадрид нема да преговара со Тора

Шпанската Влада го одби повикот на каталонскиот лидер Квим Тора за нови преговори.
Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво мора недвосмислено да ги осуди немирите со кои беше зафатена Каталонија.
– Тора мора силно да го осуди насилството, а тоа до сега не го направи – посочи Санчез.
Тој додаде дека Владата на Шпанија повеќе пати соопштила дека проблемот на Каталонија не е независноста, што нема да се случи, бидејќи е незаконска и не е желба на мнозинството Каталонци, туку коегзистенција.
Претходно, Тора побара разговори со Владата во Мадрид, по пет дена немири предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.
– Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас – истакна Тора, додавајќи оти минатонеделното насилство не ја отсликува „мирната природа“ на движењето за независност на Каталонија.
Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.
Каталонската и шпанската полиција синоќа ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои шест часа го блокираа градот. Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот. Синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.
Владата на Каталонија, составена од две партии за независност, во последниве денови повикуваше на масовни и мирни демонстрации.
Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
