-->
-->
Мадона го откачи Џордан !
-->
Некогашниот помошник-тренер на Чикаго Булс, Џони Бах, изнесе шокантно тврдење, кое фрла сенка на човечката особина на славниот Мајкл Џордан, кој во текот на кариерата немаше големи скандали во приватниот живот.
Бах му беше помошник на Фил Џексон кога Булси доминираа во НБА-лигата, а познато е дека Џордан беше главната фигура.
Тврдењата се дека Мајкл му бил љубоморен на својот клупски колега Скоти Пипен поради вниманието што тој го добивал од жените.
„Тоа го убиваше Мајкл. Требаше да видите само какви сѐ девојки го чекаа Пипен каде и да се појавеше. Мадона го чекаше во лимузина со хидромасажна када секогаш кога доаѓавме во Лос Анџелес. Џордан беше љубоморен и сакаше да ја заведе. Ѝ велеше дека тој е подобро решение за неа, но Мадона го откачи“, изјави Бах за Basketball network.
За потсетување, поп-дивата Мадона своевремено беше во врска со нивниот клупски колега Денис Родман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли