-->
-->
Мадона го откачи Џордан !
-->
Некогашниот помошник-тренер на Чикаго Булс, Џони Бах, изнесе шокантно тврдење, кое фрла сенка на човечката особина на славниот Мајкл Џордан, кој во текот на кариерата немаше големи скандали во приватниот живот.Бах му беше помошник на Фил Џексон кога Булси доминираа во НБА-лигата, а познато е дека Џордан беше главната фигура.
Тврдењата се дека Мајкл му бил љубоморен на својот клупски колега Скоти Пипен поради вниманието што тој го добивал од жените.
„Тоа го убиваше Мајкл. Требаше да видите само какви сѐ девојки го чекаа Пипен каде и да се појавеше. Мадона го чекаше во лимузина со хидромасажна када секогаш кога доаѓавме во Лос Анџелес. Џордан беше љубоморен и сакаше да ја заведе. Ѝ велеше дека тој е подобро решение за неа, но Мадона го откачи“, изјави Бах за Basketball network.
За потсетување, поп-дивата Мадона своевремено беше во врска со нивниот клупски колега Денис Родман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
