МААЕ се уште нема пристап до покривот на нуклеарката во Запорожје
Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и натаму чекаат да добијат пристап до покривот на нуклеарната централа во Запорожје, што е заземена од руските сили, јави ДПА.
Специјалистите на МАЕЕ претходно неделава извршија дополнителни инспекции на централата и открија дека „нема видливи индикации за експлозиви или мини“, се наведува во извештајот на МААЕ објавен вчера, додава германската агенција.
Сепак, МААЕ продолжи да бара пристап до покривите на реакторите и нивните турбински сали, се наведува во соопштението, цитирајќи го генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.
-Експертите на МААЕ не пријавија дека слушнале експлозии во текот на изминатата недела, за разлика од претходната недела кога тоа беше речиси секојдневна појава, рече Гроси.
МААЕ продолжи да ја следи достапноста на вода за локацијата, по уништувањето на браната Каховка во јуни и последователното исцрпување на огромниот резервоар во близина на централата.
„Тимот на МААЕ објави дека достапното снабдување со вода останува релативно стабилно, при што нивото на водата се намалува за околу еден сантиметар дневно поради користењето и испарувањето. Локацијата продолжува да има доволно вода за следните неколку месеци“.
Украинскиот претседател Виолодомир Зеленски ја обвини Русија за поставување експлозиви во нуклеарната централа, додека Москва пак го обвини Киев дека планира да ја нападне централата со ракети и беспилотни летала камикази.
Најголемата нуклеарна централа во Европа е под руска контрола од почетокот на март 2022 година, веднаш по инвазијата на Москва.
Сите шест реактори се исклучени од септември, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
