Лут зошто не се тргала мајката со бебе од паркингот, искочил и...
Жена со бебенце во количка стоела пред паркинг место каде средовечен маж пришол со автомобилот и сакал да се паркира. Затрубел мајката да се тргне, а таа не се тргнала веднаш бидејќи го средувала детенцето во количката. Човекот нервозен излегол од колата и почнал да се расправа со мајката која му рекла дека е непристоен. Тогаш го истргнал детенцето од количката и го фрлил на земја.
Инцидентот се случил во Кина веднаш до автобуската станица во Пекинг, а убиецот е идентификуван како Хан, човек во 40-тите.
- Бебето беше мирно и неподвижно откако го фрли на земја. Ни не заплаче од болка – раскажува уличен продавач на весници кои бил очевидец на грозоморното убиство. Според него тоа не било се. Од автомобилот излегол уште еден маж и не и дале веднаш да му помогне на бебето туку како што тврди очевидецот ја удирал мајката по што двајцата избегале.
Мајката веднаш го земала 2 годишното девојче и го однела во болница каде е примено во критична состојба. Лекарите се обиделе да го спасат но не успеале – девојченцето починало од повредите здобиени од силниот удар.
Полицијата успеала да го пронајде осомничениот маж – се работело за поранешен затвореник кој на почетокот на годинава излегол од затвор каде лежел поради кражба – сега ќе одговара за убиство и му прети смртна казна.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем