Луксембург ќе прими 12 деца бегалци без придружба кои што се во Грција
До следната седмица предвидено е 12 деца бегалци без придружба од Грција да заминат за Луксембург, со што започнува и процесот за релокација во европските земји на децата згрижени во Грција.
Финализацијата на договорот за преземање на децата бегалци без придружба била потврдена за време на денешниот телефонски разговор на алтернативниот Министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос со Министерот за надворешни работи, миграција и азил на Луксембург, Жан Аселборн.
-Станува збор за разврска што се постигнува и покрај тешките услови со пандемијата и создава позитивен пример за другите европски партнери, кои изразија подготвеност да прифатат малолетни бегалци без придружба од Грција, вели Кумуцакос.
Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, Кумуцакос и Аселборн се договориле, надлежните власти од двете земји, и покрај тешките околности поради пандемијата со коронавирусот, сепак во следните денови да ја завршат сложената процедура за 12-те деца во соработка со УНХЦР и Меѓународната организација за миграција. А се очекува, децата, до следната седмица да бидат префрлени во Луксембург.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право