„Лукоил“ ја отвори 31-та бензинска станица во земјава

Во присуство на претставници на Владата на Северна Македонија, на Амбасадата на Руската Федерација и на локалната самоуправа, денeска во Арачиново официјално беше отворена 31-та бензинска станица на „Лукоил“ во земјава.
Новата бензинска станица со 12 вработени, е изградена на површина од 2000 м2 и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни и тешки товарни.
- Новата бензинска станица е дел од стратегијата на нашата компанија за проширување на македонскиот пазар. Нашата цел е секојдневно да го подобруваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, снабдувајќи ги со висококвалитетни горива и најефикасна услуга,, изјави Андреј М.Куку, регионален управител на „Лукоил Македонија“.
Премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор Сергеј Безднекин, истакнаа дека инвестиите на „Лукоил“ придонесуваат за развој на економијата во земјава.
- Новата бензинска станица на „Лукоил“ е од извонредно значење за овој регион и ќе ги задоволи потребите на жителите на општините Гази Баба и Арачиново, како и на сите патници и деловни луѓе кои фреквентно го користат регионалниот пат Скопје-Куманово. Секако, од значење е и отворањето на новите работни места како и придобивка за жителите на локалните заедници во двете општини. Ова е убава прилика со неколку зборови да потсетиме на нашата одлична соработка со компаниите кои доаѓаат од Руската Федерација, како и нашата принципиелна соработка со Руската Федерација, како значаен трговски партнер на РСМ со кој остваруваме интензивна трговска соработка која постојано бележи константна вредност, изјави премиерот Заев.
Амбасадорот Бездникин рече дека дејноста на „Лукоил“ е видлив пример за успешна реализација на инвестициски проект, што позитивно влијае врз формирањето на објективниот образ на Русија во Северна Македонија, која, како што наведе, е заинтересирана за унапредување на заемно полезна соработка меѓу двете земји и нивните братски народи.
– Ја забележуваме подготвеноста на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Отворени сме за продлабочување на нашата соработка, за проширување на истата врз нови сфери во тој степен, во кој тоа им одговара на нашите заеднички интереси, рече амбасадорот Баздникин.
Покрај премиерот и амбасадорот на отворањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалниците на Општина Гази Баба и Општина Арачиново, Борис Георгиевски и Миликие Халими, како и други претставници на државните органи и локалните власти.
Лукоил во земјава има вкупно 31 бензинска станица, од кои 10 во Скопје и околината, по три во Тетово и во Битола, по две во Куманово, Охрид, Струмица и Гевгелија, и по една во Кичево, Прилеп, Велес, ,Штип, Кочани, Радовиш и на Стража.
Ново на Сител
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
