Лукман потпиша за Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб.
Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот, а британските медиуми објавија дека трансферот на 28-годишниот нигериски репрезентативец вреди 35 милиони евра.
Лукман е роден во Англија и кариерата ја почна во лондонски Чарлтон, по што настапуваше за Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.
Во младинските категории го носеше дресот на Англија, а дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
