Лукман потпиша за Атлетико Мадрид

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб.
Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од договорот, а британските медиуми објавија дека трансферот на 28-годишниот нигериски репрезентативец вреди 35 милиони евра.
Лукман е роден во Англија и кариерата ја почна во лондонски Чарлтон, по што настапуваше за Евертон, Лајпциг, Фулам и Лестер.
Во младинските категории го носеше дресот на Англија, а дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија во 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ, и по 2028, ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
-

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството
-

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
-

Камион усмрти крава на патот Крива Паланка - Куманово, возачот се обидел да избега | ФОТО
-

Македонски специјалец од „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во во вторник доаѓа во официјална посета на земјава
-

Во Струмица одбележани 22 години од загинувањето на претседателот Трајковски
