Лукашенко: Ја засилуваме армијата за никој да не може да не дестабилизира

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека неговата земја продолжува да ја засилува својата војска за никому да не му дозволи да ја дестабилизира ситуацијата и да ја наруши нејзината територијална целовитост, пренесе Танјуг.
-За жал, во арсеналот меѓународни односи еден од најважните аргументи останува воената сила. Секоја земја која се грижи за територијалната целовитост и независност мора да знае како да се заштити, рече Лукашенко.
Заради тоа, додаде тој, Белорусија продолжува да ја засилува својата војска и да ја модернизира со најнови видови вооружување, пренесоа руските медиуми.
Тој истакна дека Белорусија го изготви најновиот реактивен систем за повеќекратен лансир на ракети „Полоњез“, што претставува еден од најважните фактори во стратешкото спречување конфликти.
Лукашенко потсети дека Белорусија продолжува да соработува со своите сојузници, пред се, со Русија, но и да води дијалог со своите соседи од Запад.
Ново на Сител
-

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово
-

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп
-

Патот кон Теферич затворен за сообраќај
-

Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
-

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ: Груби ќе одговара - правда ќе има
-

Донација за ЈЗУ Општа болница Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
-

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности
