-->
-->
Луиџи ди Мајо е главен кандидат за шеф на италијанската дипломатија
-->
Главен кандидат за функцијата министер за надворешни работи на Италија во новата влада на Џузепе Конте е лидерот на Движењето 5 ѕвезди, 33-годишниот Луиџи ди Мајо.
Во претходниот владин состав Ди Мајо беше визепремиер и министер за труд и економски развој.
Водечките италијански весници „Кориере дела Сера“, „Ла стампа“ и „Ла Република“ објавија статии за составот на идниот министерски совет, нагласувајќи дека најверојатно Ди Мајо ќе ја преземе функцијата шеф на италијанската дипломатија, уште повеќе што тој претходно се откажа од претензиите за вицепремиерското место.
Се очекува во текот на денов Конте да го информира претседателот Серџо Матарела дека е готов составот на новиот кабинет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија