Лудило или вистина: Девојка тврди дека ќе го роди Исус

Иако лекарите како и многуте тестови утврдија дека не е бремена, 19-годишната Хејли тврди дека е.
Приказната на оваа тинејџерка се прошири по интервјуто со неа во емисијата на доктор Фил.
Хејли пред камерите го покажа стомакот, уверена дека е бремена во деветиот месец и дека го носи Исус.
Нејзе не ја поддржува ниту нејзината мајка која за својата ќерка вели дека компулсивно лаже и дека живее во илузија.
-Прв пат кога ми рече дека го носи Исус Христос, ја погледнав како да го загубила разумот, вели нејзината мајка.
Иако никој нормален не верува дека е бремена, таа упорно го повторува истото па истото.
-Една вечер додека спиев почувствував удар во стомакот. Сега ја чувствувам главата на бебето под папокот. Не ми е грижа тоа што не ми веруваат, јас знам дека тоа е Исус. На крајот се сведува на тоа дали си вистински верник или не. Не ме интересира што зборуваат докторите или што покажуваат тестовите за бременост. Кога ќе го родам ова дете никој нема да ми го одземе, зошто е мојот спасител, раскажа Хејли и додаде дека во текот на бременоста се здебелила 12 килограми.
На тинејџерката во текот на годините и е дијагностицирана параноидна шизофренија.
Нејзината мајка го моли доктор Фил за помош, зошто не може повеќе да живее вака.
-Мораме да се однесуваме кон неа како да е навистина бремена за да избегнеме билокаков судир. Сакам навистина да и помогнам, вели нејзината мајка.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
