-->
-->
ЛШ:Како да се победи Барселона
-->
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, рекол дека неговиот тим вечерва мора да ја совлада Барселона во натпреварот од четвртото коло во Ц групата, во Лигата на шампионите.
Барселона пред две недели го декласира Манчестер Сити 4-0 и речиси го обезбеди првото место во Ц групата, во пресрет на реваншот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, изјавил дека неговиот тим мора да победи.
„Знам што мора да направиме за да ја победиме Барселона. Добро се познаваме, но се надевам дека нашиот квалитет во нападот ќе пресуди. Мораме да го одиграме овој меч како да се работи за финале. За нив не е финале, за не е. Останаа уште три натпревари до крајот на фазата по групи. Против Селтик во Глазгов испуштивме два бода. Ќе се обидеме да победиме. Мора да одиграме соворшено за да ја совладаме Барселона“, рекол Гвардиола.
Сити по три натпревари во Групата Ц има четири бода и е втор на табелата, Барселона е прва со девет бода, а Борусија од Менхенгладбах има три бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски
-
Македонија во чест на просветителите: Молебен во Рим
-
Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко
-
Гужва на граничните премини, Македонците навалија во Грција
-
Мицкоски: За брзо од сега ќе имаме влада
-
Партиите на Бошњаците и Србите во Македонија со поделени мислења за усвоената Резолуција за геноцидот во Сребреница
-
Цела недела не работат операционите сали на Хирургија - нема информација кога ќе профункционираат
-
Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк