ЛШ:Динамо Тбилиси во третото квалификациско коло

Екипите на Црвена ѕвезда, Динамо Тбилиси, Легија, Салцбург, АПОЕЛ, Хапоел, БАТЕ Борисов, Лудогорец и Копенхаген изборија пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Грузискиот шампион Динамо Тбилиси, по триумфот од 2-0 на домашен терен, во реваншот против ерменскиот Алашкерт одигра 1-1 и во третото коло ќе игра против победникот од двомечот помеѓу Динамо Загреб и Вардар.
Црвена ѕвезда во двомечот против Валте од Малта не импресионираше, но со две победи од 2-1 избори дуел во третото коло против Лудогорец. Бугарскиот шампион со вкупни 5-0 (2-0, 3-0) го доби двомечот против Младост од Црна Гора.
Двоен триуф 1-0, 2-0 забележа австриски Салцбург и во наредната фаза го очекува победникот од дуелот помеѓу Партизани и Ференцварош.
АПОЕЛ против Њу Сејнтс, Велс по 0-0 во првиот меч на домашен терен славеше со 3-0. Противник во третата рунда на Кипраните ќе им биде некој од скандинавските тимови Норчепинг или Розенборг.
БАТЕ Борисов по триумфот од 2-0 на домашен терен, на реваншот во Финска против СЈК ремизираше 2-2, а во наредната рунда ќе биде фаворит прптив Дундалак или Хафнарфјордур.
Копенхаген беше убедлив против Крусејдерс, по 3-0 на гостински терен, Данците во реваншот славеа со 6-0. Копенхаген во наредното коло ќе игра против Астра, Романија.
Легија го елиминира шампионот на БиХ, Зрињски со вкупни 3-1, следен противник на полскиот тим ќе биде Тренчин или Олимпија.
Во третата рунда е и израелскиот Хапоел Бер Шива. Израелците против молдавски Шериф во реваншот одиграа без голови, а понатаму одат благодарение на победата од 3-2 во првиот меч. Хапоел во наредното коло игра против Олимпијакос.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
