-->
-->
ЛШ - жени: „Вардарки“ по прва победа над Будуќност и евентуално второ место
-->

Ракометраките на ЖРК Вардар попладнево (17:30 часот) го играат последниот домашен натпревар од групата 2 од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува европскиот шампион Будуќност. Во сите досегашни дуели со „лутиот“ ривал македонскиот првак нема остварено победа. Затоа „вардарки“ сакаат да ја надминат и таа бариера. Евентуален триумф може да ги донесе до второто место во групата, ако во последното коло победат на гостувањето кај „отпишаниот“ Савехоф, а Букурешт дома го победи унграски Ѓер.
Денеска покрај дуелот ЖРК Вардар - Будуќност играат и Митјиланд - Букурешт.
Табела: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 10, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 2.
Во групата 1 комплетирано е 9.коло: Баја Маре - Турингер 38:27, Ростов - Флери 38:21, Ларвик - ФТЦ 37:31.
Табела: Ростов Дон 17, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ 10, Флери 6, Турингер 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
