ЛШ - жени: Комплетирано 6.коло

Во женската ракометна Лига на шампиони синоќа беше комплетирано 6.коло по што се познати екипите кои ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза. Единствено останува да се одигра одложениот дуел поради терористичкиот напад во Париз меѓу Флери и Турнигер (закажан за 6.јануари 2016). Натпреварот е важен за да се знае по колку бодови екипите ќе пренесат во следната фаза.
Резултати од последното 6.коло:
Група А: Крим – Ростов Дон 31:36 и Ларвик – Баја Маре 27:22.
Табела: Ростов Дон 12 бода, Ларвик 8, Баја Маре 4 и Крим 0.
Група Б: Турингер – Подравка 29:19 и Ференцварош – Флери 36:23.
Табела: ФТЦ 11, Флери 5, Турингер 5, Подравка 1.
Група Ц: ЖРК Вардар – Хипо 37:25, Митјиланд – Ѓер 22:22.
Табела: Ѓер 9, ЖРК Вардар 8, Митјиланд 7, Хипо 0.
Група Д: Будуќност – Лубин 29:25 и Букурешт – Савенхоф 27:22.
Табела: Будуќност 11, Букурешт 9, Савенхоф 4 и Лубин 0.
Македонскиот првак ЖРК Вардар ќе игра во групата 2, заедно со Ѓер и Митјиланд од својата група, а во продолжението од натпреварите ќе игра против Будуќност, Букурешт и Савехоф. Според меѓусебните дуели и резултатите кои се пренесуваат табелата го има следниот изглед: Будуќност 7 бодови, Ѓер 5, Букурешт 5, ЖРК Вардар 4, Митлијанд 3, Савехоф 0.
Во групата 1 ќе играат: Ростов Дон, ФТЦ, Ларвик, Флери, Турингер и Баја Маре.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
