Ракомет
7. January 2016 - 9:15

ЛШ - жени: Комплетирана првата фаза од групите

Со натпреварот што вчера се одигра меѓу Флори - Турингер и заврши со победа на домашната екипа Флори со 27:21 беше комплетирана првата фаза по групи од Лигата на шампионите.

Овој натпревар не се одигра во редовиот термин поради терористичкиот напад во Париз. Марија Илиева и Силвана Карбевска од Македонија беа судии на овој дуел.
 
Натпреварот имаше важност од причина што двете екипи ги продолжуваат натпреварите во истата група од новата фаза што почнува во сабота. Флори со 4 бодови, а Турингер со 1 ќе ги продолжат натпреварите во групата.
 
Во првото коло од главната фаза играат:
Група 1: Ростов - ФТЦ, Ларвик - Турнингер, Баја Маре - Флори.
Табела: Ростов 8 бодови, ФТЦ 7, Ларвик 4, Флори 4, Турнигер 1, Баја Маре 0.
 
Група 2: Вардар - Букурешт, Ѓер - Будуќност, Митјиланд - Савехоф.
Табела: Будуќност 7, Букурешт 5, Ѓер 5, Вардар 4, Митјиланд 3, Савехоф 0.