-->
-->
ЛШ: Веспрем победи во „Загребска Арена“
-->

Финалистот на ланскиот Ф4 од ракометната Лига на шампионите унгарски Веспрем успеа да ја прекине серијата од две големи победи на Загреб и го победи хрватскиот првак на негов терен со 21:20. Победата е уште поголема откако доаѓа по смената на тренерот и тоа што натпреварот го играа без Наѓ (операција) и Илиќ (доби црвен картон во 15.минута). Веспрем со победата изби на првото место на табелата.
Во дуелот на екипите од Бундес лигата Кил го победи Флензбург. ПСЖ беше убедлив на гостувањето кај Бешикташ, а за турскиот шампион македонскиот репрезентативец Немања Прибак постигна 2 гола.
Двојки за 3.коло:
А група: ППД Загреб – Веспрем 20:21, Цеље – Висла 25:28, Кил – Флензбург 27:23, Бешикташ - ПСЖ 30:40.
Табела: Веспрем 5, ППД Загреб 4, Кил 4, ПСЖ 4, Висла 3, Цеље 2, Флензбург 2, Бешикташ 0.
Б група: Кристијанштат - Вардар (почеток 16:30 часот), ПИК Сегед - Барселона, Монпеље - Колдинг (сите дуели се играат денеска). Во средата Рајн Некар Ловен - Киелце 32:32.
Табела: Рајн Некар Ловен 5, Вардар 4, Киелце 3, Кристијанштат 2, Барселона 2, ПИК Сегед 2, Монпеље 0, Колдинг 0.
Ц група: Чеховски Медведи - Брест Мешков 27:33, Војводина – Порто 23:27, Ла Риоха - Татран Прешов.
Табела: Мешков Брест 6, Порто 4, Ла Риоха 2, Чеховски Медведи 2, Војводина 2, Татран Прешов 0.
Д група: Металург - Евлеврум 22:19, Мотор - Скјерн, Баја Маре - Кадетен Шафхаузен (играат денеска).
Табела: Скјерн 4, Металург 4, Баја Маре 2, Мотор 2, Елверум 2, Кадетен Шафхаузен 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
