Ракомет
7. May 2019 - 12:53

ЛШ: Вардар за финалето ќе се бори со Барселона

Македонскиот шампион Вардар го доби најсилниот можен противник во полуфиналето на завршниот Ф-4 од Лигата на шампиони во ракомет, шпанската Барселона.

Во второто полуфинале ќе играат Кјелце и Веспрем.

Да потсетиме кога во 2017 година црвено-црните го освоија европскиот трофеј токму во полуфиналето со погодокот на Лука Циндриќ ги совладаа каталонците а потоа во финалето беа подобри од ПСЖ.

Полуфиналето е на 1. јуни а финалето ден подоцна во Келн , Германија.