-->
-->
ЛШ: Вардар гостува кај Киелце
-->
Ракометарите на Вардар вчеравечер го одржаа единствениот тренинг во салата „М.О.С.И.Р“ во Киелце каде попладнево против истоимениот полски шампион ќе го одиграат мечот од 9. коло во ЕХФ Лигата на шампионите.
И двете екипи се надеваат на освојување на двата бода и повисок пласман во групата што би значело условно полесен противник во следната фаза.
Евентуална победа за Вардар би бил значаен чекор во борбата за второто место, истото се однесува и за Киелце кој исто како „црвено-црните“ има 10 бодови.
Тренерот Раул Гонзалес во Полска ги понесе 16-мината кои ќе можат најдобро да одговорат на предизвикот во овој момент, а меѓу нив не се Игор Карачиќ поради повреда и Петар Ангелов.
Натпреварот почнува во 16 часот.
Вардар на првиот дуел, одигран во Скопје славеше со 34:24.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година