Ракомет
24. October 2015 - 7:57

ЛШ: Вардар го пречекува „должникот“ Киелце

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево во СЦ„Јане Сандански“ ја пречекуваат екипата од Полска Киелце, која е „должник“ од ланската сезона откако во двата четвртфинални дуела успеа да го победи Вардар и го запре на патот до „фајнл фор“ турнирот.

За Вардар ова е шанса со предноста на домашниот терен, со навивачите да се стигне до нова победа која ќе значи останување на првата позиција во групата и по 6.коло.
Поволна околност за тимот е тоа што ќе се вратат голманот Штербик и Душебаев.
Вториот наш тим од Лигата на шампионите Металург во недела е домаќин на романската екипа Баја Маре.

Двојки од 6.коло:

А група: Кил – Цеље 35:32, Бешикташ – ППД Загреб, ПСЖ – Веспрем, Висла – Флензбург.

Табела: Веспрем 9 бодови, Кил 8, ПСЖ 8, Флензбург 6, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 0.

Б група: Кристијанштад – Рајн Некра Ловен 32:29, Вардар – Киелце, ПИК Сегед – Монпеље, Барселона – Колдинг.

Табела: Вардар 8, Барселона 7, Рајн Некар Ловен 7, Килеце 6, ПИК Сегед 4, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.

Ц група: Чеховски Медведи – Татран Прешов 29:28, Мешков Брест – Порто, Ла Риоха – Војводина.

Табела: Ла Риоха 8, Порто 8, Мешков Брест 6, Војводина 4, Чеховски Медведи 4, Татран Прешов 2.

Д група: Мотор – Елверум, Скјерн – Кадетен Шафхаузен, Металург – Баја Маре.

Табела: Скјерн 8, Мотор 6, Баја Маре 6, Металург 4, Кадетен Шафхаузен 3, Елверум 3.