Фудбал
18. March 2016 - 12:47

ЛШ: Среќна жрепка за Реал и Баерн

Пресметката меѓу водечките две екипи во првенството на Шпанија, Барселона и Атлетико Мадрид, е дуелот кој ќе привлече најмногу внимание во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
 
Извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите ги спои Барселона и Атлетико Мадрид, кои сезонава ги одиграа двата натпревара во шпанското првенство, на кои Барса двапати славеше со идентичен резултат 2:1.
 
Второто дерби во оваа фаза ќе го одиграат ПСЖ и Манчестер Сити, додека Баерн Минхен и Реал имаа среќа при извлекувањето, бидејќи ќе бидат фаворити во дуелите со Волфсбург, односно Бенфика. 
 
Волфсбург-Реал Мадрид
 
Баерн Минхен-Бенфика
 
Барселона-Атлетико Мадрид
 
ПСЖ-Манчестер Сити
 
Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 5. и 6. април, а реваншите се една недела подцна, на 12. и 13.април.
 
Инаку на ждрепката, која во петокот се одржа во Нион, имаше три екипи од Шпанија (Барселона, Атлетико и Реал Мадрид), две од Германија (Баерн Минхен и Волфсбург) и по една од Португалија, Франција и Англија (Бенфика, ПСЖ, Манчестер Сити).
 
Дебитанти во ова друштво се Волфсбург и Манчестер Сити. Останатите, со исклучок на Бенфика, и минатата година играа во четвртфиналето.