-->
-->
ЛШ: Рајн Некар Ловен ја победи Барселона
-->
Бундеслигашот Рајн Некар Ловен со победа над европскиот шампион Барселона ја почна сезоната во Лигата на шампионите. РНЛ во Мајнхајм славеше со 22:21. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна 6 голови, а натпреварот го судеа македонските судии Начевски – Николов.
Ниту една екипа од ланските учесници на Ф4 во Келн не успеа да постигне победа. Барселона загуби од РНЛ, Кил од ППД Загреб, Киелце од ПИК Сегед, додека само Веспрем одигра нерешено со Висла.
Резултати на досега завршените натпреварите од 1.коло:
А група: ППД Загреб – Кил 29:22, Висла – Веспрем 27:27, Флензбург – ПСЖ 39:32 и Бешикташ – Цеље 24:30.
Б група: Кристијанштад – Колдинг 33:26, Монпеље – Вардар 25:30, ПИК Сегед – Киелце 31:30, Рајн Некар Ловен – Барселона 22:21.
Ц група: Чеховски Медведи – Ла Риоха 27:26, Мешков Брест – Војводина 34:22, Порто – Татран Прешов 33:23.
Д група: Кадетен Шафхаузен – Елверум 30:31, Мотор – Металург 30:24, Скјерн – Баја Маре 32:28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Проф. д-р Силјановска Давкова: Република Македонија не смее да дозволи фингиран попис
-
Германската вакцина КјурВак ефикасна против јужноафриканските и британските мутации
-
Заев: Досега откупени 24,5 милиони килограми тутун, за целата реколта обезбедени 70 милиони евра
-
Паднаа Инстаграм и Месинџер
-
13 починати и 582 нови случаи на Ковид-19
-
Спасовски: „27 април“ се случи затоа што се формираше група на која и беше ветено дека ќе ги заштити некој после
-
Кина испраќа дополнителни 500.000 дози вакцини на Србија
-
Околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори