ЛШ: ПСЖ гостува во Манчестер
Паузата, конечно, заврши, Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со интересна пресметка на богатиот париски клуб Пари Сен-Жермен и разиграните Манчестер јунајтед.
Кога беше објавена ждрепката за осминафиналето во декември, на трикратните европски шампиони Јунајтед никој не им даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо од една страна и „газењето“ на ПСЖ на домашните ривали
Но, сега, два месеци подоцна, проблемите се кај гостите. Оле Гунар Солксјер успеа да има неверојатен старт како преоден менаџер на Јунајтед, победувајќи во 10 меча од своите 11 и одигрувајќи реми во 11-тиот.
„Се поставивме во позиција да си дадеме вистинска шанса по формата пред овој натпревар. Самоуверени сме и изгледаме како тим. Ако имаше совршено време за голем натпревар, тоа е сега. Мислам дека мојот тим е способен да победи било кој противник. Кога работиме напорно, работиме, кога тренираме лесно, се концентрираме. Можеме да изненадиме“, изјави Солскјер.
ПСЖ од друга страна, откако беа први во групата Ц со Ливерпул и Наполи, наместо да се фаворити во пресметката, сега се во незгодна ситуација, бидејќи тренерот Томас Тухел доаѓа на „театарот на соништата“ без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на сензационалниот Килијан Мбапе во нападот.
Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“, Рома ќе се обиде да ја надмине кризата во играта присутна овој месец, за против незгодниот Порто да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Манчестер јунајтед – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.
Рома – Порто 21.00 ч.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза