Фудбал
12. April 2017 - 21:03

ЛШ: Монако славеше во Дортмунд

Екипата на Монако вечерва постигна победа од 3:2 на гостувањето кај Борусија Дортмунд во рамките на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Гостите на полувреме водеа со 2:0 со головите на Килијан Мбапе во 19.минута и на Свен Бендер во 35.минута (автогол). На почетокот на вториот дел Борусија преку Усмане Дембеле намали на 2:1 во 57.минута, но Мбапе во 79.минута зголеми на 3:1. Конечните 2:3 ги постави Шинџи Кагава во 84.минута.
Овој натпревар требаше да се одигра вчера, но поради терористичкиот напад над автобусот со фудбалерите на Борусија Дортмунд беше одложен за вечерва.
Во тек се натпреварите: Баерн – Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – Лестер.
На вчера одиграниот натпревар во Торино Јувентус со 3:0 ја победи Барселона. 
Реванш натпреварите на 18 и 19.април.