ЛШ: Историски пораз на Реал
Срежа што Реал Мадрид веќе го имаше обезбедено првото место во групата Г од Лигата на шампионите, но тимот кој ги освојуваше трите последни титули во европската елита, ретко кога бил така избламиран на „Сантијаго Бернабеу“ во евро-меч како во средата навечер.
ЦСКА Москва, тимот кој успеа да ги победи со 1:0 на гостувањето во Русија, направи вистинско чудо и ги совлада „кралевите“ со 0:3 на нивни терен, зголемувајќи го притисокот на тренерот Сантијаго Солари, кој неодамна го смени Хулен Лопетеги на кормилото на тимот.
Ова е најтежок домашен пораз во историјата на Лигата на шампионите за „кралскиот клуб“, бидејќи претходно овој рекорд го имаше Баерн Минхен, кој го совлада со 4:2 во 2000 година. Поразот исто така е прв во групните фази на домашен терен од 2009 година – и уште една неверојатна статистика, досега во 252 меча во европските натпреварувања на „Сантијаго Бернабеу“, Реал никогаш не загубил со повеќе од два гола разлика!
Ново на Сител
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
-
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице