-->
-->
ЛШ: Флензбург ривал на Вардар во четвртфиналето, европскиот првак Киелце елиминиран
-->
Екипата на Флензбург е ривалот на Вардар во четвртфиналето на ракометната Лига на шампионите. Германците стигнаа до Топ-8 фазата откако го елиминираа белоруски Мешков Брест.
Во реваншот во Германија синоќа тимот на Мешков постојано беше во игра, но дури во последните минути од натпреварот домаќините успеаја да победат со 28:26. На првиот меч во Брест исто така победи фаворитот со 26:25.
Изненадување направи францускиот тим Монпеље кој успеа со две победи да го елиминира европскиот првак Киелце. Во реваншот вчера во Полска беше 28:26 за Монпеље или вкупни 61:54.
Дуелот меѓу македонскиот шампион и Флензбург во четвртфиналето ќе биде реприза на сезоната 2013/2014. И тогаш овие две екипи играа меѓу себе. На првиот меч во Германија, Флензбург победи со 24:22. На реваншот во Скопје триумфираше Вардар со 27:25, но поради повеќе постигнати голови во гости на Ф4 замина Флензбург.
Четвртфинални двојки за четвртфиналето во ЛШ:
Кил – Барселона,
Флензбург – Вардар,
ПИК Сегед – ПСЖ и
Веспрем – Монпеље.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа