-->
-->
ЛШ: Дерби мечеви во Торино и Лондон
-->

Во наредните два дена ќе бидат одиграни преостанатите четири натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. Програмата во вторник нуди два спектакуларни дуели, кои ќе се одиграат на стадионите во Лондон и Торино.
Арсенал, сезонава се бори за титулата во Премиерлигата, а во осминафиналето жрепката не му беше наклонета бидејќи за противник му ја додели Барселона.
Каталонците се бранители на титулата и најголеми фаворити за нејзино повторно освојување. Иако Арсенал игра на домашен терен, фаворитската улога во овој дуел ја има Барселона.
Тренерите Венгер и Луис Енрике на располагање ги имаат сите играчи.
Вицепрвакот на Европа, Јувентус, ќе го пречека Баерн со надеж дека ќе оствари поволен резултат пред реваншот во Минхен.
Јувентус е хендикепиран бидејќи во одбраната ќе недостига Кјелини. Од друга страна екс играчот на Баерн, Манџукиќ се враќа во составот на ’старата дама’, по паузата поради повреда.
Во среда на програмата се натпреварите Динамо Киев-Манчестер Сити и ПСВ Ајндховен-Атлетико Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
