ЛШ: Белорускиот шампион ќе игра во Белград поради санкциите од ЕУ
Белорускиот фудбалски првак Шахтјор од Солигорск својот домашен натпревар против бугарски Лудогорец во рамки на 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе го игра на неутрален терен во Белград поради санкциите во авиосообраќајот што Европската унија (ЕУ) ги воведе кон Белорусија.
– Екипата на Лудогорец не извести дека Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕААС) негативно одговорила на нивното барање да направи исклучок во забраната за летови кон нашата земја, што не принуди реванш натпреварот на 14 јули место во Солигорск да го играме на неутрален терен. Од неколкуте опции што ги разгледувавме го избравме стадионот на екипата на Чукарички во Белград, соопшти денеска претседателот на Шахтјор, Олександар Марченко.
Како одговор на присилното слетување на авион на „Рајанер“ во Минск и апсењето на белорускиот опозициски активист Роман Проташевич во мај годинава, ЕУ воведе забрана за летови кон и од Белорусија, вклучувајќи и забрана белоруските авиокомпании да летаат низ европскиот воздушен простор и да слетуваат на аеродромите во ЕУ.
Победникот од пресметката меѓу Лудогорец и Шахтјор во 2. квалификациско коло во ЛШ ќе игра со победникот од двомечот меѓу македонскиот првак Шкендија и Мура од Словенија.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
