Фудбал
15. March 2018 - 9:23

ЛШ: Баерн не се шегува

Квалитет и голема моќ покажа Баерн Минхем во осминафиналните дуели со турскиот првак Бешикташ откако славеше и во Истанбул со 3-1 и со вкупен резултат од 8-1 се пласира во четвртфиналето на ЛШ.

На преполниот „Водафон парк“,  во 18. минута Тијаго Алкантара донесе водство за Баерн. Водството од 2-0 дојде на почетокот на вториот дел кога  Гокхан Гонул си постигна автогол за да  Вагнер Лав само две минути подоцна ублажи на 1-2.

Сандро Вагнер, кој влезе како замена за Роберт Левандовски во 68. минута, во последните десет минути постигна уште еден гол за конечни 1:3.